Ранохристијански период

Манастирот (с. Грљани), старохристијанска базилика. На 1 км источно од училиштето се гледаат остатоци од темели на објект со ориентација исток – запад и со апсида на источната страна. Се работи за еднокорабна црква, со четири простории од јужната страна, со приближни димензии од 38 х 20 м.

Свети Спас (с. Драгобраште), старохристијанска базилика. На раскрсницата од селскиот пат за Драгобрашта и Пекљани, денешната црква Св. Спас е изградена врз темели од голема базилика, со димензии од 40 х 20 м, од која се гледаат апсидата, северниот и јужниот ѕид, зачувани во темелите.